Ова е само една од многуте идеи за свечена салата која можете да ја сервирате на вашата трпеза за претсојните презници, имендени или слави.

Периодот на зимски празници полека доаѓа, почнува и еуфоријата на домаќините за изгледот на празничната трпеза, ако е верски празник дали треба посни јадења итн. Ние ви предлагаме свечена салата со пилешо и домати. Подготовката нема да ви одземе многу време, а најдобро од сѐ е што можете веднаш да ја сервирате. Одлично оди со главно јадење, но и со предјадење како на пример проја, пити, ролати или сувомеснато мезе.
Потребни состојки:
- 300 гр пилешко филе
- 2 домата
- 2 варени јајца
- 100 гр мајонез
- 100 гр рендан кашкавал
- 1 праз
- сол
Подготовка:
Пилешкото филе сварете го па исечкајте го на ситни коцки. Исечкајте го и празот и сварените јајца, исто така и доматите на кои треба да им го извадите средишниот дел бидејќи е полн со вода. Длабок сад обложете со проѕирна фолија, па прво ставете рендан кашкавал. Пропрскајте со мајонез па ставете пола од сечканите домати и пола од празот. Посолете. Повторно ставете малку мајонез, па ставете половина од пилешкото и прелијте со мајонез. Потоа половина од јајцата и повторно мајонез. Повторете ја постапката уште еднаш со сите слоеви: кашкавал, домати, праз, пилешко, јајца. Чинијата за сервирање ставете ја како капак и внимателно превртете ја салата. Извадете го длабокиот сад, остранете ја фолијата, одозгора украсете со праз и домати и вашата свечена салата е подготвена за сервирање.
Или едноставно следете ги инструкциите на видеото, иако е на полски од постапките се разбира колку е едноставно: