Свлечиште во Норвешка голтна 12 куќи, спасувачите трагаат по 10 луѓе

Норвешките спасувачи користат дронови и кучиња за да бараат десет лица кои сè уште се водат како исчезнати, откако на југот на земјата свлечиште вчера однесе дел од станбена област и голтна повеќе од 12 куќи.

Десет лица беа повредени, од кои еден човек се бори за живот, откако свлечиштето однесе дел од градбите во селото Гјердрум, околу 30 километри северно од главниот град Осло.

Снимките направени од спасувачки хеликоптер покажуваат огромен кратер со уништени градби на самото дно.

Условите сѐ уште се тешки, бидејќи почвата од глина е премногу нестабилна, а температурите се ниски и паѓаат и под нулата.

„Ова е сè уште операција за спасување“, изјави шефот на полицијата Даг Андре Сил за TV2, додавајќи дека таа ќе трае се додека е потребно.

Во текот на ноќта, полицијата користела дронови со опрема за откривање на преживеани во урнатините. Хеликоптери се обидуваа да ги спуштат армијата и полицијата со кучиња трагачи на структури за кои се верува дека се доволно стабилни.

По инцидентот, се појавија прашања зошто воопшто било дозволено градење во областа.

TV2 наведува дека геолошкото истражување спроведено за општинските власти во 2005 година покажало дека станува збор за област со висок ризик за свлечиште, но дека сепак се изградени нови градби три години по објавувањето на извештајот.

Кралот Харалд од Норвешка, кој ретко дава изјави за актуелни настани, рече дека неговите мисли се со оние кои биле „погодени, повредени или ги загубиле своите домови и оние кои сега живеат во страв и неизвесност“.

Remote video URL
Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Свет

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Read more

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе