СЗО: Каде и кој е загрозен од новиот опасен вирус Зика

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува за новиот опасен вирус Зика кој може да се прошири во многу земји. Тие предупредуваат дека вирусот може да се прошири во сите земји од јужна и северна Америка, освен Канада и Чиле.

Научниците го поврзуваат овој вирус со оштетувања на мозокот кај илјадници бебиња во Бразил.

За вирусот што го пренесуваат комарци, засега не постои лек, а инфекцијата предизвикува симптоми како висока температура, конјунктивитис и главоболка. Вирусот е најопасен за бремените жени, бидејќи влијае на плодот, а децата се раѓаат со многу мала глава што понатаму влијае на развојот и може да доведе и до смрт.

Речиси 80 проценти од заразените, не знаат дека во себе го носат вирусот, се додека не се појават симптомите. CNN пренесува дека вирусот предизвика голема загриженост, бидејќи се шири многу брзо.

До сега вирусот Зика се појавил во 23 земји, а неколку држави веќе ги советуваа фамилиите, ако можат да го одложат проширувањето со принова.

„Ситуацијата со овој вирус постојано се влошува“ - вели доктор Антони Фаучи, директор на Институтот за алергии и инфекции во САД.

До сега, вирусот Зика се појавил во Барбадос, Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор, Француска Гвинеја, Гвадалупе, Гватемала, Хаити, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Порторико, Суринам и Венецуела.

Лекарите советуваат дека еден вид заштита е да се одбегнува патување во земјите и областите во кои постои вирусот, а ако веќе мора да се патува, тогаш советуваат максимална заштита од комарци.

Според CNN, здравствените организации и институти ширум светот продолжуваат да се трудат да произведат вакцина која ќе го победи вирусот.

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе