СЗО: Коронавирусот алармантно се шири низ Европа

Стапката на заразување со COVID-19 во Европа е алармантна, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО исто така ги предупреди европските земји да не го скратуваат времетраењето на задолжителниот карантин.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, рече дека бројот на случаи на коронавирус во Европа треба да послужи како „аларм за будење за сите нас“.

„Иако овие бројки повеќе се одраз на посеопфатното тестирање, исто така покажуваат алармантна стапка на пренесување на вирусот низ регионот“, рече Клуге на онлајн прес-конференцијата од главниот град на Данска, Копенхаген.

СЗО исто така рече дека нема да ги смени препораките за задолжителен 14-дневен карантин за сите изложени на новиот коронаирус.

„Нашите препораки за карантин се 14 дена и тие се базирани на нашите сознанија за периодот на инкубација и пренесување на болеста. Препораките би ги ажурирале само кога би се смениле нашите научни сознанија“, рече Кетрин Смолвуд, висок службеник за вонредни ситуации на СЗО Европа.

Во Франција, на пример, препорачаниот период на карантин во случај на изложеност на коронавирусот беше намален на 7 дена.

Карантинот е намален на 10 дена во Велика Британија и Ирска, а некои други европски земји, вклучувајќи ги Хрватка и Португалија, размислуваат за намалување на времетраењето на двонеделниот карантин.

Во 53-те земји членки на СЗО Европа имаат регистрирано речиси 5 милиони случаи на COVID-19 и над 227.000 смртни случаи поврзани со болеста.

Бројот на дневни потврдени случаи во моментов се движи меѓу 40.000 и 50.000, а треба да се напомене дека во некои земји значително е зголемен обемот на тестирање. Колку за споредба, на 1 април беше регистриран рекорден број од 43.000 случаи во еден ден, а на 11 септември рекордот беше срушен со 54.000 случаи регистрирани во 24 часа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе