Телескопот James Webb го покажа Јупитер каков што не сме го виделе досега

Луѓето ширум светот го видоа првиот сет фотографии во боја направени од вселенскиот телескоп James Webb (JWST) на НАСА.

 

Но, она што вселенските ентузијасти успеаја да го откопаат меѓу објавените фотографии и документи, а кое можеби многумина остана незабележано, се две сосема нови фотографии од Јупитер.

Фасцинантни снимки од гасниот џин, најблизок до Земјата во нашиот Сончев Систем, беа снимени со телескопот James Webb додека беше на тестирање. Сликите ги прикажуваат прстените на Јупитер, како и неговите три месечини - Европа, Теба и Метис. Сенката на Европа може да се види и на фотографијата со ознака F212N, веднаш до Големата црвена дамка. Големата црвена дамка е долготраен бурен систем кој се наоѓа на 22 степени јужно од екваторот на Јупитер, произведувајќи ветрови до 432 км/час.

Новите снимки на Јупитер се направени со инфрацрвена камера (NIRCam) и секоја користи различен филтер за да ги потенцира одделните бранови должини на светлината. Во извештајот се вели дека сликите „покажале дека JWST може да следи подвижни цели дури и кога има расфрлана светлина од светлите јовијански планети“. Јовијански значи „слични на Јупитер“ и ги опишува „џиновите“ Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

НАСА избра девет цели за да ја тестира способноста на телескопот да следи објекти кои брзо се движат. Други вградени инструменти кои се тестирани ги вклучуваат Near Infrared Imager, Slitless Spectrograph (NIRISS) и Mid-InfraRed Instrument (MIRI), кои детектираат и стабилизираат различни бранови должини.

Јупитер беше најбавната цел, но сите тестови беа успешни. Овие слики, исто така, ја покажуваат неговата способност да долови детали како што се прстени и месечини околу светли планети.

Во извештајот за пуштање во употреба се вели дека вселенскиот телескоп James Webb е замислен „за да овозможи фундаментален напредок во нашето разбирање за формирањето и еволуцијата на галаксиите, ѕвездите и планетарните системи.“

„Сега со сигурност знаеме дека така ќе биде“, пишува тој.

URL
Телескоп од 10 милијарди долари

Објавувањето на фотографиите го означува почетокот на научната работа со James Webb, најголемиот и најмоќниот телескоп лансиран во вселената. Телескопот James Webb беше лансиран на 25 декември со ракета Ariana од вселенскиот центар Куру на Европската вселенска агенција во Француска Гвајана.

Научниците се надеваат дека фотографиите од телескопот ќе дадат увид во периодот веднаш по Големата експлозија, пред околу 13,8 милијарди години. Развојот на James Webb траеше околу 30 години и чинеше околу 10 милијарди долари. Тој е наследник на телескопот Hubble, кој се користи повеќе од 30 години.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе