Телескопот James Webb сними астероидни појаси околу Окото на Саурон

На оддалеченост од 25 светлосни години од Земјата се наоѓа Фомалхаут, една од најсветлите ѕвезди на ноќното небо. Системот на Фомалхаут го привлекува вниманието на астрономите со децении, но тие дури сега го разбираат подобро благодарение на вселенскиот телескоп James Webb.

Фомалхаут е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Јужна Риба и е осумнаесеттата најсјајна ѕвезда на ноќното небо. Фомалхаут може да се види долу на јужното небо од северната полутопка на есен и на почетокот на зимата. Блиску е до 50˚N латитуда и се појавува заедно со Сириус, а не се појавува повторно додека да зајде Антарес. Името ѝ значи „устата на китот“, од арапското فم الحوت (fum al-ḥawt). Има ѕвездена класификација А, и се наоѓа на околу 25.127 светлосни години од Земјата. Фомалхаут има околу себе прстен од вселенска прашина. Заради прстенот околу Фомалхаут, ѕвездата ја викаат Окото на Саурон, според „окото“ во филмовите „The Lord of the Rings“.

Во студијата објавена во списанието Nature Astronomy, група научници составена главно од астрономи од Универзитетот во Аризона и лабораторијата за млазен погон на НАСА, тврдат дека системот Фомалхаут е многу покомплексен од претходно проценетото.

Астрономите од 1983 година знаат дека 440-милиони години стариот Фомалхаут е опкружен со отпадна прашина, но тие не очекуваа дека ќе има три различни полиња со отпад околу ѕвездата. Еден од нив, кој е најблиску до Фомалхаут, е сличен на астероидниот појас во нашиот Сончев Систем, но е многу поширок од очекуваното. Како што пишува New Scientist, внатрешниот астероиден појас на Фомалхаут се протега од околу 7 астрономски единици од ѕвездата до околу 80 астрономски единици. Тоа е околу 10 пати пошироко од очекувањата на астрономите за внатрешниот астероиден појас.

Сепак, ова не е најинтересната карактеристика на системот Фомалхаут. Надвор од неговиот внатрешен астероиден појас се наоѓа втор појас со остатоци кој е наведнат за 23 степени во однос на сè друго во орбитата на ѕвездата.

„Ова е навистина уникатен аспект на системот“, изјави Андрас Гаспар, водечки автор на студијата, за Science News. Тој додаде дека навалениот појас може да биде резултат на планети кои орбитираат околу Фомалхаут, а астрономите сè уште не ги откриле.

„Појасите околу Фомалхаут се еден вид мистерија. Каде се планетите? Мислам дека не е погрешно да се каже дека има навистина интересен планетарен систем околу ѕвездата“, вели Џорџ Рик, еден од астрономите кои учествуваа во истражувањето.

Меѓутоа, тоа не е сѐ. Уште подалеку од Фомалхаут се наоѓа надворешен прстен од отпад сличен на Кајперовиот појас на нашиот Сончев Систем. Вклучува карактеристика што Гаспар и неговите колеги ја нарекоа Големиот облак од прашина. Не е јасно дали оваа карактеристика е дел од системот Фомалхаут или нешто што сјае подалеку, но астрономите се сомневаат дека настанал кога се судриле две вселенски карпи широки повеќе од 400 милји (640 километри). Гаспар и останатите веруваат дека три или уште повеќе планети со големина на Уран и Нептун би можеле да орбитираат околу Фомалхаут. Тие моментално ги анализираат сликите од телескопот James Webb кои може да го откријат постоењето на овие планетоиди.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе