„Tenet“ нема да биде прикажан ни во јули
Најновото филмско остварување на Кристофер Нолан, филмот „Tenet“ нема да биде прикажан ни во јули, пренесе Variety. Со оглед на фактот дека кината ширум светот сè уште се затворени, продуцентите го откажаа и новиот датум на премиерата.
Филмот требаше да биде прикажан на 17 јули, па премиерата беше презакажана за 31 јули. Сега продуцентите одлучија да биде прикажан на 12 август.