Американската компанија Tesla најави дека ќе повлече 363.000 електрични автомобили од пазарот поради дефекти во новата верзија на софтверот наменет за овој автомобил.

Според Financial Times, повлекувањето на автомобилот ги опфаќа Model S и Model X произведени помеѓу 2016 и 2023 година, како и Model Y произведен во 2020 година.
„Регулаторното тело на Соединетите Американски Држави нагласи дека пропустите во новата верзија на софтверот може да предизвикаат несреќи“, пишува британскиот весник.
Tesla продаде 1,3 милиони возила ширум светот минатата година. Повлекувањето се однесува на секое возило што содржи бета верзија на софтверот за целосно автономно возење. Инаку, компанијата на корисниците им наплаќа дополнителни 15.000 долари за инсталирање на овој софтвер.
Софтверот кој овозможува автономно возење е во состојба да ја менува лентата за време на возењето, иако возачот сепак мора да внимава на ситуацијата во сообраќајот.
„Сепак, американските регулатори рекоа дека поради дефект во софтверот, тоа може да создаде проблем кога возилата влегуваат на раскрсниците. Возилата може да се движат директно низ раскрсниците од лентата за вртење, да не застанат на знак СТОП или несовесно да возат низ жолто светло на семафор“, се објаснува во одлуката.