Тизерот за последната епизода на „Game of Thrones“ открива неочекуван конфликт
По цели осум години, конечно сме пред самиот крај на серијата „Game of Thrones“, која и понатаму го држи целиот свет залепен за екраните. Тизерот кој го објави HBO ни прикажува мал дел од случувањата во последната епизода, во која ја очекуваме разврската за семејствата Таргариен и Старк.
Наредната недела HBO ќе го емитува финалето од серијата „Game of Thrones“, што предизвикува огромен интерес кај фановите. Сценаристите на серијата ветуваат „неочекуван крај и неизвесност до последната секунда“, а љубителите сакаат да видат како ќе заврши оваа сага која се протегаше низ цели шест сезони.