Тодор Гечевски е нов спортски директор на Работнички

Поранешниот репрезентативец, член на златната генерација, денеска е назначен за нов спортски директор на клубот од Градски парк.

Тодор Гечевски и официјално е новиот спортски директор кој ќе раководи со КК Работнички.

„Со стабилниот буџет и подготвеноста на тимот очекуваме нови победи и враќање на стариот сјај. Ги повикувам навивачите да излезат на трибини и сите заедно да дадеме поддршка. Да бодриме и да го вратиме КК Работнички на старите победнички стази!“, објави градоначалникот ан Општина Центар, Горан Герасимовски.

46-годишниот Гечевски во два наврата во својата кариера играше за Работнички, каде во 2015 година и ја заврши кариерата. 2,10 високиот центар со клубот од Градскиот парк има една лигашка (2003/2004) и две куп титули (2003/2004 и 2014/2015). На ЕвроБаскетот 2011 во Литванија беше еден од најдобрите поединци во големиот подвиг кога Македонија заврши четврта.

Токму вечерва стартува новата сезона во најдобрата домашна лига, а Работнички од 18 часот во салата „Кале“ ќе го пречека ТФТ. Натпреварот ќе оди во живо на МРТ3, но и стримуван на YouTube.

Работнички доста се засили во пресрет на новата сезона, па на стартот стручниот тим на „Црвено-белите“ ќе има прилика да види како изгледа, прилично реновираниот состав во кој има голем број на нови играчи. Последниот од нив, репрезентативецот Кристијан Николов, кој ја засили бековската линија во која како нови лица се и Бобан Стајиќ, Американецот и Дмитрик Трајс, а од староседелците, тука е и младиот репрезентативец Андреј Шошкиќ, потоа Филип Бакоч, Леонид Тодоровски и Ѓорѓе Џелетовиќ. Нови имиња во ростерот на Работнички за новата сезона се Роберт Рикиќ, Квентон Декоузи, како и уште еден репрезентативен двоец, Виктор Ефремовски и Стојан Ѓуроски, кои ќе ги пополнат надворешните позиции.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Кошарка

Неверојатна партија на Леброн Џејмс за финалето на НБА Купот

Read more

Кошаркарите на Монако гневни по поразот од Партизан: Ова е срам за Евролигата

Read more

Индијана и Њу Орлеанс изненадувачки се пласираа во полуфиналето на НБА купот

Read more

Леброн е од друга планета: Статистиката за поени ја покажува целата големина на Џејмс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Читај повеќе
  • play_arrow

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Читај повеќе
  • play_arrow

Што се случува во Евертон?

Читај повеќе

Анчелоти: Не ми требаат пари, не би заминал во Саудиска Арабија за 500 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Fun with Flags со Фримпонг од Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се менува рамнотежата на моќ во светскиот фудбал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна партија на Леброн Џејмс за финалето на НБА Купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите десни крила во фудбалот во 21 век

Читај повеќе

Македонија У-19 ги доби противниците за пласман на ЕП

Читај повеќе