Том Брејди и Патриотс го освоија „досадниот“ Супербоул 2019

Можеби не изгледаше убаво, но се исплатеше – Њу Ингланд Патриотс го освоија Супербоул 2019 со историски најмал број на поени. Тие го победија тимот на Лос Анџелес Ремс со 13:3 и легендарниот Том Брејди дојде до рекордниот шестти шампионски прстен во НФЛ лигата.

53-тото издание на Супербоул им припадна на „патриотите“ од Њу Ингланд, кои беа подобри од Лос Анџелес Ремс, иако постигнаа само 13 поени.

Одбраната на Патриотс функционираше совршено и тие дозволија само 3 поени за противникот, кој изгледаше немоќен против машинеријата на Том Брејди и Бил Беличик. Синоќа тие ја освоија шестата шампионска титула во 60-годишната историја на клубот, а притоа Брејди го освои неговиот шести прстен и со тоа го помина Чарлс Хејли како единствен кој успеал шест пати да триумфира во големото финале на НФЛ лигата.

По првото полувреме Њу Ингланд Патриотс имаа водство од 3:0, откако Гостковски реализираше филдгол во неговиот втор обид. Во второто полувреме Рамс израмнија со сопствен филдгол и во последната четвртина се замина со нерешен резултат.

Сони Мичел се покажа како херој во составот на Патриотс и со неговиот тачдаун го решија победникот на овогодинешниот Супербоул. Потоа Гостковски го погоди и дополнителниот филдгол кој носеше 1 поен, а на помалку од две минути до крајот погоди уште еднаш од поле и го постави конечниот резултат – 13:3.

Со оваа титула Њу Ингланд Патриотс се израмнија со Питсбург Стилерс на првото место по бројот на титули во НФЛ и сега двата тима имаат по шест.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе