Кошарка

Торонто изедначи во серијата со Милвоки

22. мај 2019 - 8:51 | МИА
Торонто, 22 мај 2019 (МИА) – Кошаркарите на Торонто го добија четвртиот натпревар од финалето на Истокот во НБА-лигата против Милвоки со 120:102 и изедначија на 2-2 во серијата прв до четири победи.

Крис Мидлтон со 30 поени седум асистенции и шест скока беше најзаслужен за победата на канадскиот тим.

Торонто беше подобар противник во сите четири делници од натпреварот искористувајќи ја по втор пат предноста што ја носи домашниот терен.

Следниот меч е закажан за 24 мај на теренот на Милвоки.

Прв финалист во разигрувањето за шампионскиот трофеј е Голден стејт кој во финалето на Западната конференција го елиминира Портланд со 4-0. 

Коментирај