Трансродова ММА борачка предизвикува контроверзи во октагонот

Трансродовата жена Алана Меклафлин (38) дебитираше во ММА со победа.

Алана е родена како маж кој порано бил припадник на специјалните сили на Армијата на САД, од 2004 до 2010 година. По напуштањето на војската, одлучува да го промени полот. Од пред пет години е Алана Меклафлин, трансродова жена, и е ММА борачка која сака да ги следи стапките на Фалон Фокс, првата трансродна личност која се бореше во ММА пред девет години.

„Ги следам нејзините стапки. Се надевам дека ќе бидам пример за другите. Ако сакаме да видиме повеќе трансродови спортисти, треба да работиме повеќе на тоа. Време е трансродовите луѓе да бидат прифатени во светот на спортот“, смета Меклафлин.

Сега е професионален ММА борач и во петокот вечерта победи на евентот Combate Global: Perez vs. Roa во Мајами.

Тоа беше лесна борба против Селин Провост. Алана победи во три минути и 32 секунди во првата рунда.

Remote video URL

Трансродовите жени не се нова контроверза во светот на спортот, каде постои длабока поделеност меѓу двата табора – едните кои сметаат дека не е „фер“ лице кое порано било маж да се натпреварува во женска конкуренција и другите кои веруваат дека трансродовите жени треба да ги имаат сите права и можности како и биолошките жени.

Новозеланѓанката Лорел Хабард беше првата трансродова личност на која ѝ беше дозволен настап на ЛОИ во Токио годинава и таа имаше неславен крај, откако во три обиди не успеа да ја крене тежината во женското натпреварување во кревање товар.

Имаше многу контроверзи кога се дозволи 43-годишната Хабард да биде дел од Игрите во Токио, но на крајот стравувањата дека таа ќе ги „украде“ медалите се покажаа како неосновани. Хабард не успеа да крене 120 килограми, а потоа двапати по 125 килограми за крај на натпреварувањето.

„Свесна сум за сите контроверзи околу моето учество и сакам да се заблагодарам на МОК, кои останаа посветени на принципите на олимпиското движење и го направија спортот достапен за сите“, изјави Хабард, која до својата 35-та година се натпреваруваше како маж.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе