„The Matrix Resurrections“ доаѓа 18 години после последниот филм од оваа франшиза, а филмските љубители со нетрпение го очекуваат.
Во режија на Лана Ванчовски, која учествува и во сценариото заедно со Дејвид Мичел и Александар Хемон, филмот својата премиера ќе ја има на 22 декември.
Во главната улога се враќа Киану Ривс, а тука се и Кери-Ен Мос и Џада Пинкет Смит кои ги репризираат своите улоги. На екипата им се придружија и Кристина Ричи, Ламбер Вилсон, Пријанка Чопра, Даниел Бернхард, Џонатан Гроф и Џесика Хенвик.