Трејлерот на „The Naked Director“ ве носи директно во јапонската порно индустрија
Netflix го објави првиот тизер за серијата „The Naked Director“, која е инспирирана од вистинската приказна за режисерот Тору Мураниши и јапонската индустрија за филмови за возрасни.
Серијата ги следи обидите на Мураниши за развивање и популаризирање на порно индустријата во Јапонија во текот на 1980-тите. Низ десетте епизоди ќе можете да го видите режисерот како се стекнува со слава, се соочува со предизвици и како постојано ги зголемува неговите амбиции.
„The Naked Director“ ќе биде достапна на Netflix веќе од 8 август.