Тренерски тим од Самсоненко, Кокшаров, Станковски на клупата на ЖРК Вардар

Откако Индира Кастратовиќ доби отказ на тренерската функција во ЖРК Вардар еден ден по нерешениот резултат со Ференцварош во Лигата на шампионките, на следниот дуел тимот ќе го предводи тренерски тим од Сергеј Самсоненко, Едуард Кокшаров и Аце Станковски.

ЖРК Вардар во петок ќе го пречека Лајпциг без Индира Кастратовиќ, која по четири години се раздели со „црвено црните“. Резултатот против Ференцварош (27-27), беше причината да дојде до крајот на четиригодишната соработка помеѓу клубот и тренерот.

Раководството е во по потрага по нов тренер на женскиот клуб, па на тренинзите помага Дејвид Камара од машкиот тим, а до именување на нов шеф на стручниот штаб екипата ќе ја предводи тренерски тим во кој се сопственикот Сергеј Самсоненко, директорот Едуард Кокшаров и помошникот на Кастратовиќ, Аце Станковски.

„Верував дека ќе можеме со Кастратовиќ да се подобриме, но морав да направам промени. Мислевме дека ќе победуваме, дека ќе имаме игра, очекувавме нешто сосема друго, па поради тоа решивме дека нешто мора да менуваме. Оваа одлука е само моја, никој не влијаеше врз донесувањето на одлуката. Со Индира бевме четири години заедно и понудивме да остане во Вардар, се надевам дека ќе ја прифати понудата. Додека не избереме нов тренер решив ние тројца да ја предводиме екипата на мечот со Лајпциг. Одговорноста околу резултатите и играта ќе ја преземам јас лично, но напоменувам дека ова е краткорочно решение“, рече на прес конференцијата Самсоненко.

ЖРК Вардар, на 21.октомври од 20:30 часот, во СЦ Јане Сандански, ќе го пречека тимот на Лајпциг.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе