Три начини како да искористите празно пластично шише

Ако имате пластични шишиња, не ги фрлајте. Со едноставен трик ќе ги претворите во нешто многу покорисно.

Голема главоболка е кога мијалникот е затнат, а празнењето на мрежата може да биде доста заморно, најмногу поради нејзината големина. Затоа, без разлика дали готвите и имате повеќе отпад, или ги миете садовите кои се многу валкани, постои начин тоа да го олесните.

Пресечете ја на половина и со нож издупчете дупки на долната страна, а во аголот на мијалникот залепете една од оние куки и на неа закачете го шишето. Сега можете лесно да ги истурите внатре остатоците од зеленчук или од садовите, а потоа едноставно да ги истресете во корпата за ѓубре. Со тоа си ја олеснивте работата, а во корпата нема да ставате натопен зеленчук, што значи помалку протекување и непријатни мириси.

Можете да го користите врвот на шишето на два начина. Првиот е за миење садови со жица. За да не се повредите, треба низ средината на жицата да протнете врвка, а потоа да ја вметнете целата низ отворот на горниот дел од шишето, затегнете и зашрафете го капачето. Затоа, миењето ќе биде многу полесно, пред сѐ затоа што имате „рачка“, а помали се шансите да се пресечете на жицата, што, како што знаете, може да биде многу незгодно.

Третиот метод е исто така одличен, особено кога се работи за кеси за замрзнување. Зеленчукот и овошјето што ги оставате веројатно ги чувате во замрзнувач во кеси кои сте ги врзале во јазол. Ако згрешите и ја врзете поцврсто, речиси сигурно е дека ќе мора да ја искинете кесата за да ја отворите, што не е практично, особено ако ви треба само дел од содржината. Наместо тоа, поминете го горниот дел од кесата низ горниот дел од шишето, а потоа зашрафете го капачето. Овошјето и зеленчукот ќе бидат зачувани, а полесно ќе дозирате онолку колку што ви треба. После тоа, едноставно вратете го капакот, зашрафете го и оставете го во замрзнувач. Практично, нели?

Доколку сепак се одлучите дека пластичните шишиња не ви се потребни, не заборавајте да не ги фрлате во обичното ѓубре туку во специјалните контејнери наменети за фрлање пластика. Така, помагате пластиката да се рециклира и да се зачува природата.

реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе