СЕРИЈА А 2021/22

Трка за Скудето: Кој со кого до крајот

Откако викендов Интер победи, а Наполи и Милан киксираа, борбата за Скудетото повторно стана екстремно тесна со трите клуба речиси изедначени на врвот.

Интер во саботата триумфираше со 2:0 над Верона со што дојде до 66 бодови, па го чекаше исходот од натпреварите на ривалите Наполи и Милан кои играа во неделата. Никој од нив не успеа да победи. Наполи беше изненаден на домашен терен од Фиорентина губејќи со 2:3, додека Милан на гостувањето кај незгодниот Торино заринка играјќи без голови.

Табелата во Серија А во моментов изгледа вака:

  1. Милан 68
  2. Интер 66
  3. Наполи 66
  4. Јувентус 62
  5. Рома 57
  6. Лацио 55
  7. Фиорентина 53
  8. Аталанта 51

Клучот за титулата можеби се крие во фактот што Интер има натпревар помлаку, односно одложениот со Болоња уште од јануари, и кој е закажан за крајот од месецов.

Распоред на Милан:

Најтежок распоред има Милан кого го чекаат три тешки натпревари со Лацио, Фиорентина и Аталанта, а тука е и незгодниот Сасуоло.

Џеноа (дома)
Лацио (гости)
Фиорентина (дома)
Верона (гости)
Аталанта (дома)
Сасуоло (гости)

Распоред на Интер:

Интер има далеку полесен распоред со еден тежок натпревар кога Рома ќе гостува во Милано.

Специја (гости)
Рома (дома)
Болоња (гости) - заостанат натпревар
Удинезе (гости)
Емполи (дома)
Каљари (гости)
Сампдорија (дома)

Распоред на Наполи:

Наполи има потежок распоред од Интер, но полесен од Милан. Го чека пресметка со Рома уште наредното коло во кое евентуален неуспех може веднаш да го отпише од борбата за титулата. Поотоа ќе му останат уште незгодните Сасуоло и Торино.

Рома (дома)
Емполи (гости)
Сасуоло (дома)
Торино (гости)
Џеноа (дома)
Специја (гости)

Во меѓувреме, Интер и Милан ги чека и реванш полуфиналната пресметка од Копа Италија закажана за 19 април, a победникот ќе има и натпревар плус во календарот поради финалето кое се игра на 11 мај, а противник ќе биде Јувентус или Фиорентина.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more
 

Спорт

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе