Троен кикс на најскапиот стопер во историјата - им ги подари головите на Германците

Хари Мегваер (29) пред три години стана најскапиот дефанзивец во историјата. Сепак, откако Манчестер Јунајтед му плати на Лестер 87 милиони евра отштета за него, на Мегваер му оди од лошо на полошо. Минатата сезона стана предмет на потсмев поради бројните незгоди, а потоа оваа сезона ја загуби капитенската лента и статусот на првиот состав во Јунајтед.

Од осум натпревари оваа сезона, тој беше стартер на само три. Сепак, тренерот Саутгејт и понатаму верува во него, па Мегваер беше член на стартната постава во петтиот од шесте натпревари во групата на Лигата на нации. За Англија и Мегваер тоа натпреварување заврши со дебакл, со само три бода и последно место во конкуренција на Италија, Унгарија и Германија, поради што од елитата паднаа во второлигашот во Лигата на нации.

Remote video URL

Во последното коло на Вембли, Англија играше против Германија (3:3), а првиот гол го примија по неверојатната, двојна грешка на Хари Мегваер. Најпрво непречено му ја додаде топката на нозете на противничкиот офанзивец Џамал ​​Мусијала, а потоа во навлегувањето кон голот во обид да ја исфрли топката го расече по нозете во шеснаесетникот.

Мусијала падна, но судијата Дани Макели даде знак за продолжување на играта. Сепак, откако ја прегледа снимката, тој покажа на пеналот од кој погоди Гундоган. Мегваер потоа направи сериозна грешка на другиот крај од теренот. Тргна во напад и се мачеше со топката во противничката половина. Така тој несмасно ја загуби, а Германците откако му ја одзедоа топката тргнаа во контранапад, кој го заврши Каи Хаверц со прекрасен гол.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе