Троши и кога не вози

Колку енергија губи електричниот автомобил кога е во мирување?

Луѓето и компаниите кои одлучуваат да купат електричен автомобил ја земаат предвид неговата набавна цена и потрошувачката при возење. Сепак, има и скриена потрошувачка кога автомобилот е во мирување.

Истражувањето спроведено од белгискиот енергетски стартап Re.alto покажа дека трошоците можат да бидат и до 600 евра годишно, доколку се земат предвид цените на струјата во Белгија.

Re.alto е стартап кој се потпира на размена на податоци за енергија. Оваа компанија има договор со неколку производители на автомобили за обработка на податоци од електрични возила.

„Менаџерите на возните паркови ни кажаа дека проценетата потрошувачка често не соодветствува со вистинската. Ова набљудување нè поттикна подлабоко да ја анализираме потрошувачката“, рече Дитер Јонг од белгискиот стартап.

Дитер Јонг и неговиот тим открија дека дополнителната потрошувачка на електрична енергија е предизвикана од потрошувачката за време на одмор во т.н. Sleep Mode. Загубата се покажа поголема од очекуваното.

„Автомобилите што мируваат цел ден трошат, во зависност од моделот, околу 3 kWh дневно. Тоа одговара на вкупна вредност од 1000 kWh годишно“, пишува Monenergie.be.

Електричните автомобили постојано пренесуваат податоци до корисничката апликација: температура, статус на батеријата... Сепак, електричните автомобили се оптимизирани за возење, а не за пренос на податоци. Овој процес троши многу повеќе енергија отколку паметен телефон.

Најдоброто решение за сопствениците е да го стават автомобилот во Sleep Mode. Во моментов, повеќето возачи претпочитаат Stand By Mode, бидејќи на тој начин автомобилот се поврзува со апликацијата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе