Турција е подготвена да го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО повеќе од една година

Турција е подготвена да го блокира членството на Шведска и Финска во НАТО повеќе од една година доколку не добие гаранции од двете земји дека ќе се справат со курдските групи кои Анкара ги смета за терористички организации. Ова е прашање што може да го наруши Самитот на НАТО во Мадрид на 29 јуни, пишува Гардијан.

Турција ги обвинува Шведска и Финска за криење на наводни членови на Курдската работничка партија (ПКК) и исто така се противи на нивните одлуки од 2019 година да забранат извоз на оружје во Анкара поради турските воени операции во Сирија.

Турција започна дипломатска офанзива за да ја истакне шведската поддршка за курдските групи поврзани со ПКК во северна Сирија. ППК е означена како терористичка организација во ЕУ, САД и Турција. Турција планира да организира состанок за ова прашање за време на самитот на НАТО.

– Ова е прашање од витален национален интерес и ние сме подготвени да го спречиме нивното членство до една година доколку е потребн“, рече Акиф Чагатај Килич, член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и претседател на турскиот парламентарен комитет за надворешни работи.

– Турција е втората по големина армија во НАТО и обезбедува беспилотни летала за да и помогне на Украина да се одбрани. Заслужуваме повеќе почит. Турција ги почитува сопствените должности и одговорности кон Алијансата. Што ќе направат Шведска и Финска? Тие криеја терористички организации кои го убиваат мојот народ, не ги почитуваат моите граници, претставуваат егзистенцијална закана за мојата земја. Се што бараме е да нема разлика. Терористичка организација е терористичка организација, рече тој.

реклама

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе