Twitter преписка Зеленски - Маск

Украинскиот претседател ги „запали“ своите интернет следбеници против „Илон Маск кој ја поддржува Русија“, како одговор мировниот план кој милијардерот синоќа го предложи за ставање крај на конфликтот во Украина.

Володимиор Зеленски, претседателот на Украина, доцна синоќа реагираше на мировниот план кој го предложи основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск, со кој предложи Украина да направи одредени отстапки кон Русија.

Зеленски направи анкета на Twitter со прашање до своите следбеници „Кој Илон Маск повеќе го сакате?“ и притоа тагнувајќи го самиот Маск, а понуди два одговора и тоа „Оној кој ја поддржува Украина“ и „Оној кој ја поддржува Русија“. До околу 10:25 часот денеска резултатите се 80,4% за првата опција и 19,6% за втората, што е и очекувано со оглед на профилот на следбеници кои ги има Маск.

URL

Синоќа Маск предложи Русија да организира нови референдуми во отцепените територии, но со набљудувачи од ОН, потоа Украина официјално да се откаже од претензии кон Крим, да гарантира проток на питка вода до полуостровот и да се прогласи за неутрална земја.

„Ова е многу веројатрно и да се случи на крајот“, напиша Маск, додавајќи дека „прашање е на време уште колку луѓе ќе загинат пред ова да се случи“. Маск направи анкета за неговиот план каде до моментов (околу 10 часот) околу 40% го поддржуваат планот, додека 60% се против. Поддршката „за“ беше значително поголема пред Зеленски да го објави неговиот твит.

URL

Потоиа направи и анкета за тоа дали „волјата на граѓаните кои живеат во Донбас и Крим треба да одлучи дали ќе бидат дел од Русија или од Украина“ со гласање „да“ и „не“. До 10:25 часот резултатите се 58,1% про и 41,9% против.

URL

Наглото намалување на поддршката на неговиот план Маск ја оцени како „најголемиот напад на ботови кој сум го видел“.

URL

И покрај критиките од проукраинските твитерџии и официјалните лица од Киев, Маск остана на својот став велејќи дека бројот на население на Русија ѝ гарантира победа во случај Зеленски да продолжи да оди кон својата цел за повраток на Крим и доколку Москва одговори со објавување на војна (досега е, нели, „специјална воена операција“).

URL

Twitter преписката отиде дотаму што и двајцата добија некои интересни критики, а особено се истакнува еден што го доби Зеленски: „Типов прави фотошоп фотки за Vogue и си прави бесконечни купишта пари од Западот... и сега се лути што Маск предложил да се стави крај на војната пред уште од неговите луѓе бесцелно да умрат“. Ова всушност го напиша американскиот политички аналитичар Грег Прајс.

URL

Маск од претходно е поддржувач на Украина. Ѝ ја понуди услугата на својот сателит Starlink за да може земјата да има интернет уште во првите денови откако руската војска навлезе во украинска територија. Но, Маск е еден од оние кои се противат на одлуката на одредени влади за блокирање на руските медиуми бидејќи наводно ширеле лажни вести.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе