Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца вооружени косовски специјалци на територијата на Централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС, пренесуваат српските медиуми.
За оваа акција итно бил известен шефот на државата, Александар Вучиќ, кој присуствувал на приемот по повод одбележувањето на Денот на Русија.
Како што пренесуваат медиумите, приведени се Рифат Зека, Беќир Сефа и Мустафа Шем.
Сѐ уште не се познати детали за настанот.