Убиен фоторепортер на Reuters во Авганистан

Даниш Сидики, фоторепортер на Reuters, беше убиен денеска додека го следеше судирот меѓу авганистанската армија и талибанците во близина на граничниот премин со Пакистан, објави авганистански командант.

Авганистанските специјални единици се бореа против талибанците за да ја преземат контролата врз пазарот во Спин Болдак, кога Сидики и висок авганистански командант беа убиени.

Според официјален претставник, истрелите биле од талибанците.

URL

Сидики од оваа недела беше со авганистанските специјални единици во јужната провинција Кандахар, известувајќи за борбите со талибанците.

„Итно бараме дополнителни информации и соработуваме со покраинските власти“, се наведува во соопштението на претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главната уредничка Алесандра Галони.

„Даниш беше извонреден новинар, посветен сопруг и татко и сакан колега. Нашите мисли се со неговото семејство во ова страшно време”, се додава во соопштението.

URL

Претходно во петокот, Сидики изјави дека е ранет од шрапнел во раката. Тој се опоравуваше кога Талибанците се повлекоа од борбите во Спин Болдак.

„Тој разговараше со трговците кога талибанците повторно нападнаа“, изјави официјален претставник на авганистанските сили.

Reuters не беше во можност да ги потврди деталите за обновените борби опишани од анонимниот службеник.

Сидики беше член на тимот на фотографи на Reuters, кој во 2018 година ја доби Пулицеровата награда за документирање на бегалската криза на Рохинџите. Тој е фотограф на Reuters од 2010 година и ги следеше војните во Авганистан и Ирак, протестите во Хонгконг и земјотресите во Непал.

URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе