Ubisoft го објави првиот трејлер за „Far Cry: New Dawn“
Сместена 17 години по крајот на „Far Cry 5“, новата игра од серијалот „Far Cry“ раскажува за еден поинаков, пост-апокалиптичен свет скоро целосно уништен од нуклеарна катастрофа.
Како што може да се види од трејлерот, Хоуп Каунти е многу променет во споредба со изданието во кое можевме да го видиме во „Far Cry 5“. Овојпат изгледа многу шарено, а ликовите во играта користат неконвенционални, импровизирани оружја за да се одбранат себеси или да нападнат некого.
Премиерата на „Far Cry: New Dawn“ е закажана за 15 февруари.