Украина ја победи Чешка, на Македонија и треба победа против Исланд

Украина ја победи Чешка, а колото во Групата 4 ќе се комплетира вечерва кога на Македонија и е потребна победа над Исланд.

Ракометната репрезентација на Украина по некомплетираното трето коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска, ја презеде лидерската позиција во Групата 4 и во првиот меч од третата рунда ја победи Чешка со резултат од 26:23.

Украинците,  во првото коло загубија во Скопје,  потоа како домаќини го совладаа Исланд и ја искористија предноста на домашниот терен со што заслужено ја однесоа победата против Чешка предводени од Жуков и Козакевич.

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во спортската арена „Борис Трајковски“ ќе го пречека Исланд.

Македонија и Исланд последен пат играа во јануари годинава на Светското првенство во Франција каде натпреварот заврши со израмнет резултат од 27:27.

На клупата на македонската селекција на овој меч ќе дебитира Шпанецот Раул Гонзалес кој го наследи Лино Червар на фунцијата тренер. Гонзалес ги одреди играчите кои ќе му се спротивстават на Исланд со што од списокот на 19 играчи отпаднаа играчите Велковски, Поповски и голманот Томовски.

Македонија и Исланд по два натпревари имаат по победа и пораз.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе