Улиците на Газа се смртоносен лавиринт за израелските војници

Макфакс
/ 18.12.2023 / 11:17

Хамас го користи познатиот терен и новото оружје во конфликтот во Газа, пишуваат светските медиуми.

Бројот на загинати израелски војници во Газа е веќе двојно поголем отколку за време на копнената офанзива во 2014 година, што е показател за тоа колку длабоко навлегла израелската армија во енклавата, како и за ефикасната употреба на герилските тактики и новото оружје од страна на Хамас.

Израелски воени експерти, израелски командант и извор од Хамас опишаа за Reuters како палестинската група користи големи залихи оружје, знаење за теренот и огромна мрежа од тунели за да ги претвори улиците на Газа во смртоносен лавиринт.

Тие имаат оружје на располагање, од беспилотни летала опремени со гранати до противтенковско оружје. Според израелските податоци, од почетокот на израелската копнена кампања кон крајот на октомври, околу 110 израелски војници биле убиени додека тенковите и пешадијата упаднале во градовите и бегалските кампови. Околу една четвртина од жртвите биле членови на тенковски екипажи.

„Во 2014 година, 66 израелски војници беа убиени во судирите, кога Израел започна ограничена тринеделна копнена офанзива, но целта тогаш не беше да се уништи Хамас.

Оваа војна не може да се спореди со онаа во 2014 година, кога нашите сили не дејствуваа подлабоко од еден километар во Газа“, изјави за Reuters, Јаков Амидрор, пензиониран израелски генерал-мајор и поранешен советник за национална безбедност.

Тој рече дека армијата „допрва треба да најде добро решение за тунелите“, мрежа која е значително проширена во текот на изминатата деценија. Во последните недели се споменуваше дека израелската армија планира да испумпува морска вода и да ги поплави тунелите на Хамас.

Извор од Хамас, кој зборуваше за Reuters под услов да остане анонимен, рече дека борците напаѓаат од заседа „искористувајќи го теренот што го знаат подобро од кој било друг“, или често се движат низ тунели.

„Постои огромна разлика меѓу нашата и нивната моќ, ние не се залажуваме во овој поглед“, изјави тој за Reuters.

Во објавите на Хамас се вели дека групата поседува „трандем“ противтенковски оружја со два оклопа.

Ашраф Абелхул, уредник на египетскиот весник الأهرام (Ал-Ахрам), кој претходно работел во Газа, рече дека милитантите напредувале во употребата на напредно оружје, како и во „локално произведените проектили“.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе