Утрински навики за поголема продуктивност во текот на целиот ден

Познатата изрека дека „денот по утрото се познава“ е многу точна.

Откако ќе станете од кревет треба да бидете опуштени и фокусирани и да се подготвите за денот што ве очекува, а не да брзате и да се нервирате.

Вашите утрински рутини во голема мера го диктираат темпото и начинот на кој ќе ви се одвива остатокот од денот, па затоа научете се да станувате порано за да имате време да го искористите утрото и да си го испланирате денот.

Овие три утрински рутини ќе ви помогнат спокојно да го почнете денот и да бидете попродуктивни:

Испланирајте што ќе јадете

За да не посегнете по брза храна, нездрави грицки и благо, испланирајте што ќе јадете во трите оброци и ужинки во текот на денот. Исто така одредете го времето кога ќе ги јадете оброците, согласно вашите обврски тој ден. На овој начин ќе се храните поздраво и нема да трошите пари за храна во последен миг.

Направете нешто што ве прави среќни

Секое утро одвојте 20-30 минути за некое хоби што ви причинува задоволство. Дали тоа ќе биде вежбање, читање, сликање, пиење кафе или време поминато со партнерот или семејството, тие 20-тина минути ќе ве наполнат со позитивна енергија за целиот ден.

Направете распоред на обврски

Додека појадувате или пиете кафе, запишете ги сите работи што треба да ги направите тој ден, без разлика дали се мали или големи. Така полесно ќе имае увид што ви останува да направите, а вечерта ќе се чувствувате задоволни кога ќе ги видите штиклирани работите што сте ги запишале на листата. Тоа ќе ви даде чувство на исполнетост и елан за следниот ден.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе