Вакцинацијата во Западен Балкан во првиот квартал од 2021

Вакцинацијата против коронавирусот во земјите од Западен Балкан ќе почне следната година, освен во Србија, каде веќе пристигнаа 4.875 дози од вакцината на Pfizer/BioNTech, што е доволно за вакцинирање на околу 2.400 лица, со оглед дека се неопходни по две дози по лице за стекнување имунитет.

Официјален Белград очекува во јануари да добие уште околу 21.000 дози од вакцината на Pfizer/BioNTech, што е доволно за околу 10 илјади лица во седуммилионската Србија. Преку Ковакс системот Србија обезбеди 1,8 милиони дози, кои според претседателот Александар Вучиќ ќе пристигнат следната година. Српската премиерка Ана Брнабиќ, која веќе се вакцинираше против коронавирусот, соопшти дека наскоро ќе добијат од руските вакцини Спутник V, а најголемиот дел од Србите ќе се вакцинираат со кинеските вакцини од производителот Sinofarm. Таа најави дека кон почетокот на вториот квартал од 2021 година во Србија ќе пристигна вакцините од AstraZeneca, а подоцна и оние од американската Moderna.

Во Црна Гора, помал контигент на вакцини се очекуваат во јануари. Според епидемиологот и претседателка на Собранието на црногорската лекарска комора и Синдикатот на докторите по медицина, Милена Поповиќ Самарџиќ, станува збор за мала донација од Европската Унија.

– Вториот контингент се очекува во февруари или март, преку Ковакс механизмот, но повторно станува збор за мали количини, и сѐ уште не можат да прецизираат за колкава количина станува збор. Сега колегите се интензивно ангажирани на подготовка на документацијата за конкурирање на фармацевтскиот пазар, бидејќи претходното Министерство не ја направи бирократската документација и Акцискиот план неопходен на конкурирање на пазарот, изјави таа утрово. Според Институтот за јавно здравје на Црна Гора првиот поголем контингент би требало да стаса најдоцна до април.

Министер за здравство на Косово, Арменд Земај, викендов рече дека Косово, на 7 декември, официјално се пријавило во програмата Ковакс, за да се обезбеди вакцини против COVID-19. Ковакс е програма на Светската здравствена организација која има за цел дистрибуција на вакцината за коронавирус и за посиромашните земји. Пратеникот од Демократската партија на Косово, Беким Хаџиу, за Gazeta Express рече дека стравува дека поради негрижа на Владата, Косово ќе биде последното во регионот што ќе добие вакцини. Пратеничката од Алијансата за иднината на Косово, воедно и претседателка на парламентарниот Одбор за здравство, Аљбена Решитај изјави дека министерот за здравство ја информирал дека снабдувањето со вакцини ќе биде направено во првиот квартал од следната година.

Портпаролот на косовското Министерство за здравство Фаик Хоти рече дека првите вакцини од механизмот Ковакс би требало да пристигнат во март, но дека не е исклучено помала количина да пристигне и претходно.

И Босна и Херцеговина ги очекува првите вакцини до март 2021 година. БиХ преку Ковакс порача 1.232,000 дози од вакцината, по цена од 8,65 евра. Министерството за цивилни работи на БиХ информира дека таа количина е доволна за вакцинална покриеност од 20 проценти, но засега не е познато кои вакцини треба да пристигнат во таа земја.

– Сè уште немаме информации за тоа која вакцина ќе добиеме, со оглед на тоа што досега само еден производител има добиено лиценца во Европа, но се очекува во првиот контингент да ја добиеме вакцината на Pfizer/BioNTech. Кантоните се запознати со планот за вакцинација, во наредниот период ќе се формираат тимови за вакцинација, ќе се набават дополнителни капацитети за ладниот ланец и во тек се подготовки за потребите на ултра ладниот ланец. Јавноста ќе биде навремено информирана. Според сега расположливите информации, реално е да се очекува да пристигнат во првиот квартал од следната година, велат од Институтот за јавно здравје на ФБиХ. Тие наведуваат дека бидејќи не сите вакцини ќе пристигнат одеднаш, првиот контингент е планиран за здравствените работници, луѓето сместени во центрите за стари и изнемоштени лица, како и вработените во тие домови.

Властите во Албанија очекуваат одредена количина дози вакцини против коронавирус да пристигнат кон крајот на јануари или почетокот на февруари. Албанската министерка за здравство и социјална помош Огерта Манастирлиу рече дека Владата се приклучила на механизмот Ковакс и платила 3,9 милиони долари (околу 3,2 милиони евра) за да обезбеди анти-ковид вакцина за 20 проценти од населението или 570.000 жители, а пристап до тие вакцини прво ќе имаат најризничните групи граѓани.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе