Вакцинирањето на медиумските работници почнува од понеделник

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во координација со Министерството за здравство, минатата недела спроведоа акција за пријавување на новинари и медиумски работници за вакцинација против COVID-19.

На повикот на ЗНМ и ССНМ се пријавија вкупно 758 лица од кои 631 ги исполнуваат условите за првата фаза во поглед на возрасната граница, хронична болест, односно активни новинари и медиумски работници. Овие лица, во најбрзо време ќе бидат контактирани од страна на претставници на здравствените власти и ќе бидат известени за точен термин за вакцинација која ќе започне од понеделник во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Останатите 127 пријавени лица кои претежно беа помлади од 40 години или беа дел од административните служби или служби за одржување во медиумите ќе бидат земени во предвид во вториот круг на имунизација на медиумски работници, кој е предвиден да се реализира веднаш по пристигнувањето на следната пратка на вакцини што се очекува во следните неколку недели.

На овој повик, одговорија новинари и медиумски работници од вкупно 110 традиционални и онлајн медиуми од целата држава.

Во втората фаза ќе може да се пријават и сите останати новинари и медиумски работници, како и вработени во медиуми кои имаат интерес да се бидат вклучени во процесот на имунизација.

Заинтересираните новинари и медиумски работници, од понеделник 4 април до недела 11 април ќе можат да се пријават преку своите редакции со достава на список на електронската пошта: contact@ssnm.org.mk единствено со испраќање на пополнет образец кој може се симне тука.

Ќе се прифаќаат пријавите кои се испратени исклучиво во наведениот образец, во кој треба да биде означено одговорно лице за контакт од редакцијата. Лицата кои веќе биле пријавени да не се пријавуваат повторно.

Обврската за веродостојноста на информациите останува на товар на одговорното лице посочено во образецот за кое потребно е да биде наведени и контакт информации, се наведува во соопштението на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе