Васил денеска ја промовира македонската песна за Евровизија 2021

Александра Спасеска
/ 11.03.2021 / 17:14

Васил Гарванлиев, кој ќе биде претставникот на Северна Македонија на Евросонг 2021, денеска ќе ја промовира песната со која ќе настапи во Ротердам.

Песната насловена „Here I stand“ ќе биде промовирана со видеозапис во Дневник 1 на МТВ, денеска, во 17:30, каде Васил ќе гостува во живо. Песната е работена според музика и текст на Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Годинава секоја земја мора да обезбеди снимка од настап во живо на својот претставник, а МТВ во дадениот временски рок успешно го реализираше овој проект во соработка со РТС ( Радио Телевизија Србија ), во едно од студијата на РТС на Кошутњак, Белград, запазувајќи ги сите пропишани стандарди на ЕБУ, кои одговараат на големината на едно музичко шоу и телевизиски спектакл каков што е Евровизија, објави Фокус.

Во 18 часот денеска, песната ќе биде достапна и на платформата YouTube.

Изборот за песна на Евровизија 2021 ќе се одржи од 18 до 22 мај во Ротердам. Освен Северна Македонија, на Евросонг 2021 ќе учествуваат и Албанија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Грузија, Хрватска, Ирска, Исланд, Италија, Израел, Ерменија, Кипар. Летонија, Литванија, Малта, Молдавија, Германија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Словенија, Србија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Велика Британија, Украина и домаќинот Холандија.

Васил беше дел од евровизискиот тим на Тамара Тодевска како придружен вокал на Евросонгот во Тел Авив.

Според податоците за Васил достапни на Википедија, тој е роден во Струмица на 2 ноември 1984 година. На музичката сцена првпат се појавува на 7 години, а со детската песна „Марионка“ станува популарен, а песната станува евергрин. На 10-годишна возраст се преселил со семејството во САД. По аудицијата во Торонто бил примен на Кралскиот конзерваториум со целосна стипендија и таму останал 9 години. Од 2018 година повторно се врати во Македонија и живее и работи во Струмица.

Тамара Тодевска со песната „Proud“ во 2019 година го постигна најголемиот успех на нашата земја во досегашните учества на Изборот за песна на Евровизија и со кумулативни 305 поени го освои седмото место. Според гласовите на жиријата, песната „Proud“ беше на прво место со освоени 247 поени.

реклама

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе