Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја заблежа 16-тата победа во сезоната. Холанѓанецот славеше на трката за Големата награда на Мексико. Место на подиумот изборија Луис Хамилтон од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари. Верстапен ја забележа 51. победа во кариерата и на четвртото место на вечната листа се израмни со Алан Прост.

Покрај Верстапен, трката во Мексико ја обележаа домашниот возач Серхио Перес, возачот на Хаас, Кевин Магнусен и Ландо Норис од Мекларен.
Верстапен во првиот свиок ја презеде челната позаиција од возачите на Ферари, Леклер и Саинс. Тој своик беше кобен за Перес, кој имаше контакт со Леклер, го оштети болидот и мораше да се повлече од трката.
Магнусен во 33. круг, при голема брзина удри во ѕидот, а потоа неговиот болид се запали.
Поради тоа трката беше прекината, имаше уште еден старт, од кој профитираше Хамилтон кој успеа да го мине Леклер.
Норис возеше одлична трка, стартуваше 19-ти, на крајот заврши на 5-тото место, откако по рестартот успеа да мине седум возачи.
Покрај најдобрите тројца, бодови во Мексико освоија Саинс, Норис, Расел, Рикардо, Пјастри, Албон и Окон.
Наредната трка ќе се вози во Бразил.