ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Видал се врати во клубот од детството, еуфорија во Коло-Коло

Филип Здравески
/ 24.01.2024 / 12:48

По двегодишната бразилска авантура Артуро Видал се врати во родниот Чиле и тоа онаму каде почна, во чилеанскиот гигант Коло-Коло.

„Му посакуваме добредојде на најпобедничкиот фудбалер во историјата на Чиле, нашиот голем Артуро Ерасмо Видал Пардо!, Повторно се сретнуваме, Кралу! И атакуваме на сѐ!“, објави Коло-Коло.

„Се вратив затоа што сакам да се натпреварувам и да освојувам титули со Коло-Коло“, рече Видал на официјалната прес-конференција.

URL

Видал, кој во мај ќе полни 37 години, во сениорските води заплива во 2005 година кога го имаше своето деби во белиот дрес на Коло-Коло, откако претходно беше во младинските категории. Две години играше за чилеанскиот колос пред да биде скаутиран од Баер Леверкузен, а освои 3 титули и тоа двапати апертура и еднаш клаузура (порано чилеанската лига беше поделена на два дела во една сезона, за секој се доделува титула).

URL

По 4 сезони во Леверкузен замина во Јувентус, таму мина исто толку па се врати во Германија, но во минхенски Баерн. По три сезони дојде во Барселона, каде остана две, колку што потоа остана и во Интер. Летото 2022 се врати во Јужна Америка, но во Бразил - во редовите на Фламенгу, со кој ја освои Копа Либертадорес. Минатата сезона едвај играше оти го мачеа повреди, а летоска направи и трансфер во Атлечику Паранаенси.

URL

Видал освојуваше титули со сите екипи освен со вечно вториот Леверкузен, како и со последниот клуб каде речиси и да не играше.

„Многу сум среќен што се враќам дома. Се враќам откако исполнив многу соништа во странство и се надевам дека ќе можам да покажам овде во Коло-Коло сѐ што постигнав во кариерата. Се чувствувам горд кога некои играчи велат дека сум нивен идол. Сега неколку ќе ми бидат соиграчи и ќе ме запознаат на друг, поблизок начин“, рече тој за време на презентацијата пред новинарите, која во Чиле привлече огромно внимание.

Remote video URL

„Имам многу спомени од мојата младост во Коло-Коло, многу тешки. Веќе на кампусот живеев многу убави моменти. Сега се враќам многу позрел, како личност која победила во животот. Се надевам дека ќе ја почувствувам љубовта на сите навивачи на стадионите каде што ќе играме со Коло-Коло, дека сите стадиони ќе бидат полни на секој натпревар. Доаѓам во Коло-Коло затоа што сакав да го исполнам мојот сон. Моите деца се задоволни што ќе играм овде и сакам само да ме видат како играм на овој стадион. Во сите места и клубови каде што бев секогаш го споменував Коло-Коло. Сега сакам повеќе да нѐ препознаваат по она што ќе го постигнеме со тимот. Тимот  ми се гледа многу добар. Во последните три години излегоа неколку многу талентирани домашни играчи. Има стручен штаб на високо ниво и се надевам дека ќе имаме одлична година. Се вратив затоа што сакам да се натпреварувам и да освојувам титули со Коло-Коло“.

URL

Со 142 настапа за Чиле и 34 постигнати голови тој е еден од великаните на оваа репрезентација. Пред него по број на настапи се Клаудио Браво (145), Алексис Санчес (160) и Гари Медел (161), а на листата на стрелци го дели 4. место со легендарниот голгетер Иван Заморано.

URL

За оние што не знаат, клубот Коло-Коло името го добил според зборот за крал на домородниот народ Мапуче, кој и денес живее во Чиле и Аргентина.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе