Виери, Вентола и Адани снимија песна
Поранешните италијански фудбалери се пробаа во светот на музиката и досега реакциите се позитивни.
Голгетерот Кристијан Виери, напаѓачот Никола Вентола и бекот Даниеле Адани запливаа во музичките води. Иницијативата била на Вентола кој е заљубен во музиката и кој, како што се гледа, одлично пее.
Нумерата се вика „Una vita da Bomber“ (Живот на голгетер) и алудира на популарната песна „Una vita da mediano“ на Лучано Лугабуе.
Тројцата се познаваат од времено минато во Интер каде Виери беше од 1999 до 2005 година, а Вентола и Адани играа во меѓувреме.