Модната дизајнерка, Викторија Бекам, повторно е мета на критики на социјалните мрежи откако ја промовираше новата колекција на облека. Daily Mail пишува дека моделите на Бекам се коски и кожа.
Викторија, фотографиите ги објави на Instagram, а ова не е првпат таа да се соочи со критики. Фановите коментираат дека нејзините модели изгладнуваат.
„Дај им оброк на твоите модели, ќе умрат за храна“ е само еден од коментарите упатени кон Бекам.
Викторија ги сподели фотографиите на кои моделите позираат пред зградата Лојдс во Лондон.