Вкусна и брза паста на бразилски начин

Направете превкусен ручек и тоа за брзо време. Оваа паста на бразилски начин ќе ве воодушеви, па ќе почнете често да ја подготвувате.

Пастата е италијанско јадење, но одамна е веќе глобално. Од Бразил ни доаѓа едноставен рецепт без чудни состојки и кој брзо се прави. Згора на тоа е и неверојатно вкусен.

Потребни состојки:

  • 250 гр шпагети
  • 350 гр доматен сос
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • ½ лажичка бибер
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка сол
  • вода
  • 200 гр моцарела
  • 50 гр пармезан

Подготовка:

Во огноотпорен сад на самото дно распоредете ги шпагетите (може да користите и друг вид на паста), па прелијте ги со доматниот сос. Додадете ситно сечкани кромид и лук, побиберете, посолете и ставете оригано. Одозгора прелијте со вода, количински колку што е потребно за да покрие сѐ, во зависност од големината на садот. Со лажица промешајте помеѓу шпаѓетите за да се распоредат останатите состојки. Ставете во загреана рерна на 180°C да се пече 20 минути. Изрендајте моцарела (може да користите и друг кашкавал) и по 20-те минути печење посипете ја над јадењето, а над неа ставете и рендан пармезан. Зачинете со оригано и вратете да се пече уште 10 минути.

Remote video URL
Тагови
реклама

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе