Во Франција од вечерва полициски час, дозволено џогирање и шетање кучиња

Ноќниот полициски час ќе стапи на сила во Париз и во осум други градови во Франција од вечерва, што ќе влијае на околу 20 милиони граѓани.

Сепак, ќе бидат дозволени одредени исклучоци, како што се џогирање и шетање на кучињата, јави BBC.

Полицискиот час ќе важи помеѓу 21 часот навечер и 6 часот наутро и ќе важи најмалку еден месец.

Рестораните, кафулињата и кината ќе можат да работат до 21 часот, а на иста маса ќе може да вечераат максимум 6 лица, пренесуваат француските медиуми.

Продажните места за храна и натаму ќе можат да доставуваат во текот на ноќта.

За време на полицискиот час, граѓаните ќе можат да излегуваат надвор за џогирање и да ги носат кучињата на прошетка, но ќе им биде потребна дозвола, како што тоа беше потребно за време на претходниот двомесечен карантин.

Покрај ова, на граѓаните ќе им биде дозволено да излегуваат во текот на ноќта за итни медицински состојби, неопходни домашни посети за нега и патување со воз или авион.

На работниците кои работат во смени во доцните вечерни часови, исто така, ќе им биде дозволено да го прекршат полицискиот час, кога работата го бара тоа од нив.

Француските власти ќе ангажираат 12.000 полицајци кои ќе се грижат за почитување на мерките за време на карантинот.

Предвидена е глоба од 135 евра за кршење на мерките, а за повторување на прекршокот, сторителите може да се соочат со казна затвор од 6 месеци и парична казна од 3.750 евра.

реклама

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе