Во Ирак откриени плочи од древните Асирци стари 2.700 години

Откако милитантите пред неколку години ја разнесоа капијата Машки, археолозите одлучија да ја реконструираат и да ѝ ја вратат старата слава. Тоа ги донесе и до едно ноечекувано откритие.

Пред два милениума на територијата на денешен Ирак настанале некои од најстарите цивилизации во светот, а преку истражување на остатоците кои зад себе ги оставиле древните Вавилонци, Сумери и Асирци научниците ги откриваат тајните за тоа како живееле и твореле овие древни народи. Сепак, бидејќи претходните години на овие простори имаше доста вооружени судири, многу од археолошките локалитети се уништени.

Кога во 2016 година група милитанти источно од градот Мосул ја уништија капијата Машки во древниот град Нивина, археологот Мајкл Данти од Универзитетот во Пенсилванија одлучил да направи сѐ што е во негова моќ за да го заштити овој вреден археолошки локалитет во Ирак. Но, она што никогаш не се надевал е дека за време на реконструкцијата ќе дојде до откритие кое ќе го опише како „толку ретко што беше незамисливо“.

Под рушевините открил седум плочи од мермер, украсени со асирски војници кои испалуваат стрели, но и прикажани палми, шипинки и смокви. По деталните анализи било востановено дека некогаш биле дел под Сенахерибиовата палата. А, кој бил тој? Некаде кон крајот на VIII и почетокот на VII век п.н.е. на асирскиот престол седел кралот Сенахебир кој во текот на своето владеење се истакнал со градежни подвизи. Историските записи наведуваат дека некаде около 700 година п.н.е. Нивина ја направил своја престолнина и ја изградил капијата Машки, односно во превод Капија на оние кои носад вода.

„Се запрепастивме и останавме без зборови. Сѐ изгледаше како на сон бидејќи никој не очекуваше дека на градската капија ќе пронајдеме релјефи од кралот Сенахебир. Иако на локалитетот порано биле спроведени археолошки истражувања во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, конкретно оваа просторија и нејзините уметнички работи никогаш не биле ископани“, вели Данти.

Како што сам тврди, ова откритие нуди нови и возбудливи увиди во минатото, а планот е тој и неговите колеги да се вратат во Мосул за да продолжат со истражување на периодот од Асиркото Царство. Додава и дека за разлика од претходните археолошки богатства, овие плочи ќе останат во сопственост на нивната татковина - Ирак.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе