Четири совршено сочувани мечеви, кои потекнуваат од ерата на Римската Империја, се пронајдени во Израел во пештера над Мртвото Море.
Станува збор за мечеви стари 1.900 години, чии железни сечила се долги меѓу 60 и 65 сантиметри, а три сѐ уште биле во нивните дрвени шалови кога биле пронајдени.
Мечевите ги пронашол тим кој фотографирал древен натпис во сталактит во речиси недостапна пукнатина. Археолозите веруваат дека мечевите биле скриени од јудејските бунтовници откако биле земени од римската војска како плен.
„Ова е драматично и возбудливо откритие кое допира до одреден момент во времето“, рече Ели Ескусидо, директор на Израелската управа за антиквитети (ИАА).
Додаде дека сувата пустинска клима околу Мртвото Море овозможила зачувување на овие артефакти, кои не би преживеале никаде на друго место во Израел.
„Ова е уникатна временска капсула која содржи фрагменти од свитоци, монети од еврејскиот бунт, кожни сандали и сега обложени мечеви остри како да се скриени денес.
Пред 50 години, сталактит со нецелосен натпис со мастило напишан на старо хебрејско писмо беше пронајден во мала пештера високо на карпа над Мртвото Море, северно од оазата Ен Геди во Источен Израел.
Археологот д-р Асаф Гајер од Универзитетот „Ариел“, геологот Боаз Лангфорд од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и фотографот Шаи Халеви отишле во пештерата со цел да користат мултиспектрална фотографија за дешифрирање на делови од натписот кои не се видливи со голо око. Гејер забележал добро сочуван римски пилум, или копје, во горното ниво на пештерата, која се наоѓала во тесна пукнатина. Пронашол и обработено дрво за кое се покажало дека се делови од корица од меч.
Научниците го пријавиле откритието и се вратиле со друг тим за да ги истражат сите пукнатини во пештерата, а токму тогаш биле пронајдени мечевите. Секој од нив има прекрасно изработени рачки од дрво или метал, а кај нив се пронајдени кожни ремени и придружни парчиња дрво и метал.