Во сабота меѓународен фудбалски турнир на Железарница

Филип Здравески
/ 15.09.2023 / 10:59

Скопје в сабота ќе биде домаќин на фудбалски турнир за аматерски екипи на кој ќе учествуваат две екипи од Србија, една од Бугарија и македонскиот Слободен од Аеродром.

Гостинските екипи се всушност клубови оформени од странци кои живеат и работат во Белград и Софија и кои се претежно Британци, а во Обединетото Кралство биле играчи во клубови низ пониските лиги. По доаѓањето во Србија и Бугарија, бидејќи како странци немаат право да играат во тамошните пониски лиги, оддлучиле да создадат свои клубови и неформална лига од 6 екипи организирана со судии и со сите нишани. Во нивните клубови има и играчи Срби и Бугари. Во Скопје доаѓаат на пријателски турнир за дружење, забава и пресметка на зелениот терен.

Екипите учесници се ФК Југо 55 од Белград, ФК Победник од Белград, ФК Софија Ренџерс од бугарската престолнина, како и домаќинот ФК Слободен од скопски Аеродром, кој настапува во општинската лига на Кисела Вода.

Турнирот почнува од 12 часот со натпреварот Југо 55 - Софија Ренџерс, а ќе се игра по италијански систем - еден натпревар трае 45 минути, се игра секој против секого и тоа во еден ден. Турнирот ќе заврши со церемонијата на прогласување на најдобрите во 17 часот. Целиот настан ќе се одржи на стадионот „Железарница“ на второлигашот ФК Скопје во Автокоманда.

Распоред:

12:00 Југо 55 - Софија Ренџерс
12:50 Слободен - Победник
13:40 Југо 55 - Слободен
14:30 Победник - Софија Ренџерс
15:20 Југо 55 - Победник
16:10 Софија Ренџерс - Слободен

Влезот на стадионот „Железарница“ ќе биде бесплатен, а во оглед на тоа што во Скопје в сабота нема многу избор што фудбал да се гледа во живо, овој меѓународен турнир е одличен избор за фудбалските вљубеници. Од првата лига в сабота избор е само дуелот Шкупи - АП Брера Струмица од 15 часот на „Чаир“, додека од втората нема натпревар во Скопје.

Екипата на Југо 55
Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Фудбал

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Read more
 

Спорт

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе