Во Скопје во ковид-центрите се лекуваат 345 пациенти

Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а пуштени се 26 оздравени пациенти. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат 345 лица сомнителни и потврдени за COVID-19, од кои голем дел се на кислородна поддршка. Во 8 часот утрово слободни биле 100 кревети, а се очекува испис на повеќе оздравени пациенти.

Од Министерството за здравство соопштија дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало 32 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализиран на Клиниката за Очни болести и на Клиниката за Гастроентерохепатологија. На Клиниката за Неврологија биле примени шест пациенти. Пет лица се примени на ТБЦ, четворица на Клиниката за Дерматологија и 8 на Нефрологија. 

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 8 во текот на вчерашниот ден.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести пет пациенти, а на ОРЛ 15 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти.

-Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти, информираат од Министерството за здравство. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе