Во Србија потврден првиот случај на мајмунски сипаници

Белград, 17 јуни 2022 (МИА) – Во Србија е регистриран првиот потврден случај на мајмунски сипаници, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Се работи за заболено лице кое влегло во Србија од странство, јави дописникот на МИА од Белград.

Случајот, како што е наведено, бил дијагностициран и се третира терапевтски.

Лабораториска дијагностика е извршена во Заводот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград.

-Институтот за јавно здравје спроведе епидемиолошка истрага за случајот и спроведени се сите мерки на евидентирање, тестирање, пријавување и контрола на натамошното ширење на инфекцијата согласно стручните методолошки упатства, соопштија од Батут.

Упатството што го наведува Батут, меѓу другото, подразбира дека еден пријавен случај подразбира постоење на епидемија на оваа болест во Србија, објавија медиумите претходно.

Како што објасни за весникот „Данас“ професорот по инфектологија Драган Делиќ, причина за тоа е што оваа болест претходно ја немало во Србија.

Запрашан дали мајмунските сипаници може да доведат до пандемија слична на COVID-19, тој рече дека се работи за неспоредлива болест, и кога се работи за начинот на пренесување, и за смртноста и за достапноста на лекови.

Во стручните методолошки упатства на Батут е наведено и дека пациентот треба да биде изолиран и да остане во изолација се додека симптомите, вклучително и осипот, не се повлечат. Исто така, неопходно е контактите на пациентот да бидат под еден вид надзор. Доколку немаат симптоми на болеста, можат да продолжат со секојдневните активности. Во случај на симптоми, контактите се изолираат седум дена. Изолацијата се прекинува доколку не се појави осип.

За првиот потврден случај во Србија се известени меѓународните здравствени институции.

Од Батут упатија апел до граѓаните за зачувување на своето здравје да ги применуваат сите превентивни мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените установи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Регион

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Read more

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе