Во тек е исплатата на еднократната финансиска помош 6.000 денари за 283 илјади граѓани

Во текот на вчерашниот и денешниот ден на сметките на граѓаните се уплатени вкупно 1,51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра, со кои се поддржуваат ранливите групи на граѓани. По комплетирањето на списоците на лицата и извршените административно-технички проверки, над 280 илјади граѓани на трансакциска сметка ќе добијат еднократната помош во висина од 6.000 денари, информираат од Владата.

Фото: Кајгана

Со оваа мерка, додаваат оттаму, истовремено се поддржува целокупната домашна економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, а граѓаните средствата може да ги користат во кој било период без рокови и ограничувања.

-Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27 септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки, се вели во денешното соопштение од Владата.

Средствата се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.Од Владата информираат дека за многу мал дел од вкупниот број на граѓани, за самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и средствата ќе бидат исплатени до крајот на оваа недела.

Дополнително, приговорите кои стигнуваат до Генералниот секретаријат на Владата, велат оотаму, активно се разгледуваат.  За граѓаните чии приговори се прифатени, нивните податоците ќе бидат ажурирани и објавени на  веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk. Поддршката насочена кон најранливите групи на граѓани, како што потенцираат од Владата, и покрај сите опструкции од опозицијата во Собранието и одолговлекувањето при носење на Законот за финансиска поддршка на ранливите групи на граѓани, навреме ќе стигне на сметките на граѓаните. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе