Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди.
Незгодата, како што потврдија за МИА од Железници на РСМ, се случила околу 08:06 часот изутрината во градското подрачје во населба „Карпош“, во непосредна близина на ОУ „Коле Канински“ во овој град, каде од досега непознати причини се судриле моторно возило и локомотива.
Во железничката сообраќајна несреќа повредени се децата на возраст од 2 и 5 години кои биле хоспитализирани во Клиничка болница-Битола, но здравствените власти посочуваат дека двегодишното дете ќе биде транспортирано на клиниките во Скопје.
СВР-Битола поведе истрага за овој случај.