Водата на Месечината е создадена од мистериозна сила која доаѓа од Земјата

Веќе знаеме дека има мраз на Месечината, но сè уште не ни е сосема јасно од каде потекнува.

Една нова студија покажува дека електронските бранови, кои доаѓаат индиректно од Земјата и Сонцето, придонесуваат за формирање на замрзната вода на површината на Месечината.

Електроните удираат на Месечината додека се движи во и надвор од магнетната опашка на Земјата, која нашата планета ја остава зад себе додека се трка низ вселената. Внатре во магнетната опашка се наоѓа слој од плазма кој се состои од високо наелектризирани електрони и јони од атмосферата на Земјата и зрачење од сончевиот ветер.

Научниците претходно ја проучувале улогата на магнетната опашка и магнетосферата во формирањето на водата на Месечината. Магнетосферата е областа околу планетите и нивните природни сателити во кои магнетното поле е обликувано како вретено од интеракцијата со сончевиот ветер. Тоа се случува кога заштитното магнетно поле на Земјата го одбива сончевиот ветер.

„Тоа е еден вид природна лабораторија“

„Тоа е еден вид природна лабораторија за проучување на процесот на формирање вода на површината на Месечината. Кога Месечината е надвор од магнетоопашката, нејзината површина е бомбардирана од сончевиот ветер. Внатре во магнетоопашката, речиси и да нема протони од сончевиот ветер и се сметаше дека формирањето на вода ќе падне речиси на нула“, рече планетарниот научник Шуаи Ли од Универзитетот на Хаваи во Маноа.

Сепак, анализата покажа дека тоа не е така. Претходните студии укажуваа на формирање на вода на Месечината преку водородни јони од сончевиот ветер, но се чини дека водата сè уште се формира кога површината на Месечината е заштитена од сончевиот ветер, т.е. кога е внатре во магнетоопашката.

Во игра се и други сили, веруваат научниците, особено електроните. Имено, можно е високоенергетските електрони да реагираат со лунарната почва, ослободувајќи заробен водород кој потоа може да формира вода, пишува Science Alert.

„Овие откритија покажуваат дека мајката Земја е силно поврзана со нејзината Месечина“

„Може да има дополнителни процеси на формирање или нови извори на вода во магнетоопашката кои не се директно поврзани со имплантација на протони на сончевиот ветер. Особено, високоенергетското електронско зрачење покажува слични ефекти како протоните на сончевиот ветер“, објаснува Ли.

Се разбира, ќе бидат потребни дополнителни набљудувања и експерименти на површината на Месечината за да се знае со сигурност како се формира вода на Месечината, но ова е интересен предлог. Постојат многу причини зошто изворот на вода на Месечината ги фасцинира научниците - нè учи повеќе за нејзиното минато, а исто така е од витално значење за да откриеме како би можеле да живееме на површината на Месечината долгорочно.

„Генерално, ова откритие покажува дека Мајката Земја е силно поврзана со нејзината Месечина во многу непрепознатливи аспекти“, вели Ли.

Истражувањето Formation of lunar surface water associated with high-energy electrons in Earth’s magnetotail беше објавено во списанието Nature Astronomy.

Тагови
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Наука

Зошто рабовите на нашата галаксија се изобличуваат?

Read more

Ново важно откритие за црните дупки: Ова чудовиште навистина се врти!

Read more

Откриени нови факти за мистериозните пустински кругови

Read more

Антиваксерите се помалку интелигентни, покажа огромна студија

Read more
 

Гик

Microsoft издаде последно предупредување за Windows 7 и 8

Читај повеќе

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Читај повеќе

НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Читај повеќе
  • filter

Археолози во Турција открија нов древен јазик

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделена Нобеловата награда за медицина: Добитниците развија вакцина против ковид

Читај повеќе
  • play_arrow

Роверот Perseverance сними вител од прав на Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонија произведе робот висок 4,5 метри, чини 3 милиони долари

Читај повеќе

Вино старо 5.000 години пронајдено во кралска гробница во Египет

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно истражување откри која песна е најрелаксирачка

Читај повеќе