Изминатава година конечно имаше јавни настани, па можевме повторно да ги видиме светските ѕвезди во нивниот полн сјај на црвениот тепих, а не разочараа и со нивниот стил во приватните моменти.
Имаше некои навистина незаборавни модни моменти оваа година - од Лејди Гага во креацијата на Schiaparelli на инаугурацијата на Џо Бајден, до креациите на Balenciaga во режија на Ким Кардашијан. Дури и актерката која верно се држи до класиката - Аџелина Џоли - оваа година на црвениот тепих покажа неколку инспиративни изданија.
Престижниот моден магазин Vogue годинава на листата 12 најдобро облечени жени во светот стави познати личности кои континуирано воодушевуваат со својот избор и ги поместуваат границите во светот на модата, не само на црвениот тепих.
Во продолжение погледнете кои дами го освоија модниот свет во 2021.