Возбудата расте - објавен трејлер за четвртата сезона на „The Crown“

Објавен е официјалниот трејлер за четвртата сезона на мегапопуларната серија „The Crown“ и во него доминира Џилијан Андерсон во улогата на Маргарет Тачер.

Соочувањето на Андерсон со Оливија Колман ќе придонесе кон неодоливоста на кралската драма на Netflix.

По тизерот објавен пред две недели, во кој доминираше приказната за принцот Чарлс и принцезата Дијана, од официјалниот трејлер дознаваме дека четвртата сезона ќе има соочување на двете најмоќни жени во Обединетото Кралство во тоа време – „Челичната лејди“ Тачер и Кралицата Елизабета Втора (Колман).

Заплетот за четвртата сезона „The Crown“ почнува кон крајот на 70-тите години на минатиот век. Кралицата и нејзиното семејство се преокупирани со наоѓање невеста за принцот Чарлс (Џош О’Конор), кој сè уште не е оженет на 30-годишна возраст.

Во исто време, Велика Британија ја доби својата прва премиерка чиј однос со кралицата беше полн со тензии, особено за време на војната меѓу Велика Британија и Аргентина околу Фокландските Острови.

Првите три сезони на „The Crown“ се веќе достапни на стриминг платформата Netflix. Петтата сезона ќе ја има својата премиера во 2022 година. Веќе се знае дека австралиската актерка Елизабет Дебики ќе ја преземе улогата на Дијана, принцезата од Велс, во финалните две сезони на хит серијата на Netflix.

Четвртата сезона ќе има премиера на Netflix на 15 ноември.

Remote video URL
реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Филм & ТВ

Психолошкиот трилер со Џулија Робертс и Итан Хок пристигна на Netflix

Read more

Дали ќе добиеме филм и за Кен?

Read more

Габриела Спаниќ изгледа непрепознатливо по бројните козметички зафати

Read more

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Психолошкиот трилер со Џулија Робертс и Итан Хок пристигна на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе добиеме филм и за Кен?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Габриела Спаниќ изгледа непрепознатливо по бројните козметички зафати

Читај повеќе
  • play_arrow

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Читај повеќе

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ се збогува со филмската кариера: Кажав сè што имав да кажам

Читај повеќе

Анџелина Џоли повторно ќе биде Maleficent

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најдобрите филмови и серии за 2023 година според IMDb?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Fast X

Читај повеќе