ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА 1958

Времеплов: Пред 62 години Пеле и Бразил првпат станаа светски шампиони

Филип Здравески
/ 29.06.2020 / 14:17

На 29 јуни 1958 година во Солна се одгра финалето на Мундијалот во Шведска во кое Бразил победувајќи го домаќинот за првпат се искачи на фудбалскиот трон.

Пеле и Гаринша

Предводен од виртуозот Гаринша и младиот вундеркинд Пеле, Бразил се соочи со силната Шведска поддржана од домашната скоро 50 илјадна публика на стадионот „Росунда“ во Солна, предградие на Стокхолм.

По само 4 минути игра капитенот Нилс Лидхолм многу едноставно ја насамари бразилската одбрана за радост на публиката. Но, пет минути подоцна Вава израмни, а потоа во 32. минута истиот играч се погрижи за пресврт.

Десет минути во вториот дел 17-годишниот Пеле зголеми на 3:1, а во 68. минута Мариу Загалу погоди за 4:1. Швеѓаните преку Агне Симонсон на десет минути до крајот го ублажија поразот пред Пеле со својот втор гол во последната минута да ги постави конечните 5:2.

Remote video URL

За Бразил настапија: Жилмар; Дежалма Сантус, Орланду, Белини (к), Нилтон Сантус; Зиту, Џиџи; Гаринша, Вава, Пеле, Мариу Загалу. На клупата седеше Висенчи Феола.

Шампионскиот тим на Бразил

За домашната Шведска играа: Кале Свенсон, Орвар Беријмарк, Сиге Парлињ, Бењт Густавсон, Свен Аксбом; Реино Берјесон; Гунар Грен, Нилс Лидхолм (к), Курт Хамрин, Ленарт Скоглунд, Агне Симонсон. На клупата беше Англичанецот Џорџ Рејнор.

Натпреварот го судеше францискиот арбитар Морис Гиг од Арл.

По бламажата на домашниот Мундијал во 1950 година кога на преполната „Маракана“ Бразилците ја испуштија титулата губејќи од Уругвај, сега на илјадници километри далеку од дома, во студената Скандинавија, конечно на шестиот Мундијал го освоија првиот трофеј. Ерата на Пеле почна, која потоа ќе донесе уште два пехара светски шампион.

А, пак, Шведска нема никогаш повеќе да го повтори успехот и да игра финале. Златната генерација Швеѓаните се чини ја прокоцкаа поради нивниот инат. Имено, Во 1950 кога стигнаа до третото место не сакаа во тимот да ги вклучат младите Лидхолм и Грен само поради тоа што играа професионално во клубови во странство (двајцата во Милан). Инатот го продолжија и наредниот Мундијал во 1954 кога не се ни квалификуваа, а се опаметија предоцна, за домашниот во 1958 кога веќе едниот беше 35-годишен, а другиот дури 37.

Поразената Шведска
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе