Втор ден мал број заболени од COVID-19 и повеќе оздравени од новозаразени

Големо намалување на бројот на новозаразени со COVID-19 е регистрирано вчера кога по подолго време имаше само 11 нови случаи од направени 450 тестирања. Иако бројот на тестирања е помал, може да се забележи дека е релативно низок процентот на позитивни лица од тестирањето, односно оти тој е помал од 3 отсто. Помал број заболени беше регистриран и завчера, кога имаше 39 заболени од 817 тестирања.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 95 оздравени пациент и тоа најголем дел во Скопје 44, потоа во Штип 16, Прилеп 3, Велес 2, Кавадарци 4, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 2, Кочани 2, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Виница 3, Свети Николе 11, Кичево 1 и во Неготино 1.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51 г.), пациент од Прилеп (65 г.) и пациентка од Виница (78 г.). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581.

Сѐ уште најголем број активни случаи има во Скопје - 812, а во Ресен и во Крушево нема активни случаи. Од Скопските општини Чаир и натаму е со најголем број активни случаи - 104.

На Инфективната клиника биле примени тројца пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, 5 позитивни деца, три мајки и три деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е еден пациент. Во другите болници во земјава се хоспитализирани вкупно 181 пациент позитивни и сомнителни на COVID-19.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Read more

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе