Вучиќ: Навивам за Мароко против Хрватска, тие ни се браќа кои не го признаа Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на новинарско прашање за кого ќе навива во натпреварот за 3. место на Светското првенство, а конкретно се осврна на односите со Мароко.

Финалниот натпревар меѓу Аргентина и Франција в недела ќе ја спушти завесата на Мундијалот во Катар, а утре во битката за бронзата ќе играат Хрватска и Мароко.

„Им честитав на Хрватите во нашата земја, знам колку им значи ова и колку навиваа за Хрватска. Јас со цело срце бев и за Аргентина и за Мароко. Соседите не ги бирате, тука Бог ве поставува. Пријателите ги бирате. Зошто? Има емотивни причини, семејни зошто навивав за сите други против соседите. Пријателите ги бирате според сферите на интересирање, посветеноста, по меѓусебното почитување, а не по тоа каде живеат. Така, и Аргентина и Мароко, кога станува збор за Косово, не ја признаа независноста, и нема да го направат тоа - и едните и други се многу цврсти по тоа прашање.“, рече Вучиќ за време на гостувањето во емисијата „Четвртком у 9“ на српската РТС.

„Ги почитувам сите. Одете во Хрватска на море, јас нема. Навивајте за Хрватска, ве има колку, 11-12%, јас нема. Ви честитам за вашиот извонреден успех, тоа е навистина извонредна репрезентација. Навивав и за Аргентина во полуфиналето и за сите други, да бидам искрен. Така ќе биде и во иднина и никој нема да ми забрани и секогаш ќе зборувам слободно и баш ми е гајле кој што ќе напише во било кој медиум. Немам појма за кого ќе навивам во финалето, знам за кого ќе навивам во натпреварот за третото место. За Мароко! Тие се наши вистински браќа кои никогаш нема да го признаат независно Косово. Тие имаат проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажете дека цел Нови Пазар навива за Мароко, а јас треба да кажам дека нема да навивам за никв затоа што се муслимани?“, порача Вучиќ.

Да потсетиме, Хрватска и Мароко веќе играа во Катар, кога го отворија натпреварувањето во групата Ф и одиграа натпревар без голови, а утре од 16 часот ги очекува нов дуел. Во исто време, ден подоцна, Аргентина и Франција ќе го одиграат големото финале.

Целосното гостување на Вучиќ во емисијата „Четвртком у 9“ на РТС, a делот каде зборува за Мундијалот почнува на 1:23:08:

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе